Шангај: Анти јапонски протести

Во текот на денешните антијапонски протести во Шангај, околу пет илјади кинески демонстранти ги искршиле прозорците на продавниците и рестораните изградени во јапонски стил, јавуваат агенциите. Нема информации дали за време на протестите имало повредени. Стотина вооружени полицајци веднаш биле распоредни пред јапонскиот козулат во Шангај со цел да ги спречат демонстрантите да влезат во претставништвото. Ова се втори вакви насилни демонстрации во Кина во изминатава недела. Кинезите ја обвинуваат Јапонија дека одбива да признае оти вршела злосторства за време на окупацијата на Кина во Втората Светска Војна. Исто така, Кина се спротивстваува на барањето на Јапонија да стане постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации.