Атина: Расправа за ратификација на новиот устав на ЕУ

Грчкиот парламент денеска расправа за ратификација на новиот устав на Европската Унија. Се очекува позитивен исход, со што Грција ќе стане 5-тата земја членка која го ратификува уставот, откако тоа веќе го сторија Литванија, Унгарија, Словенија и Италија. Во Франција на 29-ти мај ќе биде одржан референдум по ова прашање, а претседателот Жак Ширак синоќа преку телевизијата упати апел до Французите да го подржат европскиот устав.