Багдад: Најмалку 15 загинати во два самоубиствени напади

Ирачкото министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку петнаесет луѓе загинале во денешните два самоубиствени напада со автомобил бомба во Багдад. Новинските агенции, повикувајќи се на ова министерство, јавуваат дека во нападите имало и дваесетина повредени и оти е се очекува бројот на загинатите да биде поголем.