Загреб: Обраќање на премиерот Бучковски на форумот Кран Монтана

Македонскиот премиер Владо Бучковски денешното обраќање на форумот Кран Монтана што се одржува во Загреб ќе го насочи кон очекувањата на Македонија да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија до крајот на годинава, а до две илјади и десета да стане и полноправна членка. На овој економски форум на кој учествуваат голем број шефови на влади главна тема е проширувањето на Европската Унија и стабилноста во регионот.