Вашингтон: Буш побара од Шарон запирање на ширењето на израелските населби на Западниот Брег

Американскиот претседател Џорџ Буш побара од израелскиот премиер Ариел Шарон да запре ширењето на израелските населби на Западниот Брег. По разговорите со Шарон во Тексас, Буш изјави дека израелскиот план за изградба на околу 3 ипол илјади домови во близина на Ерусалим е нарушување на мировниот план за Блискиот исток. Шарон изјави дека еверејските населби на Западниот Брег ќе останат се додека не биде постигнат конечен мир со палестинците. Палестинските власти оценија дека Израел постојано бара изговори за неспроведување на мировниот план.