Скопје: Нема потврда за наводниот предлог на Нимиц за името

Сите светските агенции ја пренесоа веста за наводниот предлог на медијаторот на Обединетите Нации во македонско – грчките разговори за разликите околу името Метју Нимиц што во Атина ја пласираше грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис. Од Обединетите Нации засега нема потврда дека Нимиц предложил решение за меѓународна употреба Република Македонија – Скопје. Нема потврда дека таков предлог дошол ниту од македонските институции. Единствениот денешен одговор на сите поставени прашања од страна на портпаролот на министерството за надворешни работи во Скопје Душко Узунов беше дека цитирам ,, Ние остануваме на тоа што вчера го кажа премиерот Владо Бучковски,, односно дека македонската позиција е јасна - двојна формула која е на маса, а ние сметаме дека овој компромис е многу поголем од оној што сега се обидуба да го фингира Грција. Во меѓувреме портпаролт на Стејт Департментот Ричард Баучер синоќа коментирајќи ги информациите дека Нимиоц дал нов предлог изјави дека Вашингтон знае дека на страните им се предложени некои нови идеи за кои се води дискусија. Баучер изрази надеж на флексибилен и конструктивен ангажман во правец на изнаоѓање заедничко прифатливо решение.