Ватикан: Четири милиони луѓе го посетија Рим за погребот на Папата

Четирите милони луѓе кои го посетија Рим по повод погребот на Папата Јован Павле Втори се враќаат во 140 те земји од каде што дојдоа и за време на неделата на церемиониите во Ватикан не е забележан поголем безбедносен проблем, соопштија италијанските власти. Инаку во врска со Рим и ракувањето за мир на многубројните странски државници согласно обичајот на римокатоличката црква и веста дека иранскиот претседател Мохамед Катами негирал дека се ракувал и разговарал со израелскиот претседател Моше Катцав, кој претходно тоа го изјавил. Иранската официјална политика бара уништување на Израел. Сирија пак не негира дека дошло до ракување меѓу нивниот и израелскиот претседател но со напомена дека тоа ништо не значи. Сирија и Израел се формално во војна.