Скопје: Светски ден на Ромите

Денеска, по повод Светскиот ден на Ромите, македонскиот премиер Владо Бучковски ќе ја промовира националната програма за спроведување на Декадата на ромите во Македонија. Станува збор за меѓународна иницијатива со цел подобрување на социјалната и економската положба на ромите во светот.