Рим: Безбедносна операција за заштита на светските лидери

Во Рим се превзема огромна безбедносна операција за заштита на светските лидери и неколкуте милиони луѓе кои и натаму пристигнуваат во Ватикан за погребот на Папата Јован Павле Втори. Италијанските власти побараа од посетителите да не влегуваат во централното подрачје на Рим поради пребукираноста. Властите воспоставија зона забранета за летови и анти-авионски ракетни системи. Предвидени се дополнителни илјадници полицајци за безбедноста на милионите посетители и над 200 верски и политички лидери за погребот на Папата.