Прага: ЧЕЗ го купи романскиот дистрибутер за електрична енергија

Чешката електро-енергетска компанија ЧЕЗ, со купувањето на 51 насто од акциите на романскиот дистрибутер на електрична енергија за 151 милион евра, ја продолжува експанзијата на Балканот. ЧЕЗ во Бугарија веќе купи три дистрибутерски компании за речиси 300 милиони евра, а планира да ги купи и електро-енергетските капацитети во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.