Киргистан: По втор пат одложена седницата за расправање на оставката на Акаев

Киргистанскиот парламент денеска по втор пат ја одложи седницата на која требаше да се расправа за оставката на претседателот Аскар Акаев. На седницата треба да биде пуштена видео пораката на Акаев, снимена во Москва, на која тој ја соопштува својата оставка.