Бишкек: Одложена седницата на киргистанскиот парламент

Киргизстанскиот парламент ја одложи за утре денешната седница на која требаше и официцијално да биде прифатена оставката на соборениот претседател Аскар Алиев. Седницата била откажана поради немање кворум, јавуваат агенциите од Бишкек. На оваа седница е предвидено да биде емитувана видео пораката на Акаев, снимена во Москва, на која тој ја соопштува својата оставка.