Свет: Пораснал бројот на извршени смртни казни во светот

Во најновиот извештај на Амнести Интерншнл се наведува дека пораснал бројот на извршените смртни казни во светот. Имено, во минатата година биле егзекутирани скоро три илјади и осумстотини лица што претставува рекордна бројка во изминативе десетина години кога беа регистрирани над четири илјади и двесте погубувања. Во минатата година најмногу смртни казни беа извршени во Кина, три илјади и четиристотини. На второ место е Иран со сто пеесет и девет егзекуции.