Ватикан: Телото на Папата Јован Павле Втори од денеска во базиликата Св. Петар

Телото на Папата Јован Павле Втори денеска ќе биде пренесено во базиликата Св. Петар каде што ќе остане до погребот. Неговото тело ќе биде пренесено попладнево и изложено за јавноста. Кардиналите исто така ќе се состанат денеска и ќе одлучат кога ќе се одржи погребот. Над сто официјални претставници се очекува да присуствуваат, вклучувајќи го и американскиот претседател Џорџ Буш. Вчера, телото на Папата беше изложено во Ватикан, каде што свештени лица и високи државни претставници, вклучувајќи го и италјанскиот премиер Силвио Берлускони му оддадоа почит. Повеќе од 100,000 лица се собраа на плоштадот Св. Петар да му оддадат почит на Папата, кој почина во саботата на 84 годишна возраст, по долго боледување.