Вашингтон: Американскиот Стејт Департмент изрази зафриженост за вториот круг од локалните избори

Американскиот Стејт Департмент изрази загриженост од текот на вториот круг локални избори во Македонија, кој, како што се оценува, беше проследен со нерегуларности. Портпаролот Ричард Баучер изјави дека Соединетите Држави ја повикуваат македонската влада да ги почитува препораките на ОБСЕ и да превземе мерки за спроведување на законите и изборните правила.