Брисел: Средба на Пол Волфовиц со претставници на ЕУ

Кандидатот за иден претседател на Светската банка американскиот заменик секретар за одбрана Пол Волфовиц денеска во Брисел на официјалните претставници на Европската Унија ќе им ја образложи својата програма за развој. Бордот на Светската банка утре треба да гласа за тоа дали ја прифаќа номинацијата на Волфовиц што пред две недели ја објави претседателот Џорџ Буш. Претседателот на Свестката Банка традиционално доаѓа од Соединетите Држави, како најголем акционер на банката.