Авганистан: Убиени петмина авганистански војници

Талибанските бунтовници убиле петмина авганистански војници во денешниот напад врз еден контролен пункт во западниот дел на Авганистан. Претходно во експлозија на автомобил бомба загинал возачот. Се претпоставува дека тој го активирал експлозивот порано од предвиденото. До овие инициденти дојде само неколку часа пред посетата на Лора Буш, сопругата на американскиот претседател на Кабул.