Авганистан: Петмина загинати во поплави

Од поплавите во југоисточен Авганистан загинаа 5 лица, јавија агенциите. Водата претекла од иригационите системи во близина на Кваја Омри 120 километри од Кабул. Големите дождови и топењето на снегот се причина за смрт на околу 200 луѓе во изминативе недели во Авганистан.