Букурешт: Киднапирани тројца романски новинари

Романскиот претседател Трајан Басеску соопшти дека тројца романски новинари се киднапирани во Ирак. Засега други детали не се познати. Романија има 800 војници во Ирак во рамките на коалиционите сили.