Ватикан: Папата Јован Павле Втори надвор од великденските прослави

За прв пат откако пред дваесет и шест години стана поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори годинава останува надвор од прославите по повод католичкиот Велигден. Како што е познато, осумдесет и четири годишниот Папа заздравува од операцијата врз грлото. Папата Јован Павле Втори синоќа само беше покажан на гоелмите телевизиски екрани пред верниците во Рим.