Техеран: Најмалку тројца загинати во турканици по фудбалски натпревар

Најмалку тројца загинале и над триесетина биле повредени во турканиците на стадионот во Техеран по завршувањето на фудбалскиот кавалификационен натпревар за Светското првенство меѓу Иран и Јапонија. Не е соопштено ништо за причините за турканиците крај еден од излезите на стадионот. Овој меч заврши со победа на Иран од два спрема еден.