Лисабон: Двајца загинати во невреме на Азорите и Мадеира

Две лица загинаа при невремето, проследено со силен ветер, што ги зафати португалските острови во Атланскиот Океан, Азори и Мадеира. Како што соопштија спасувачките служби, 45-годишен маж се удавил додека пливал, а едно 16-годишно момче паднало во морето и било однесено од брановите. Според португалските медиуми, брзината на ветерот била меѓу 120 и 130 километри на час. Локалните власти на Азорските Острови и на Мадеира им препорачаа на сите бродови и чамци да не ги напуштаат пристаништата. Азорите и Мадеира се острови под португалска управа што се нааѓатт во Атланскиот Океан покрај северозападниот брег на Африка.