Хјустон: 14 загинати и стотина повредени во експлозија на рафинерија

Четиринаесет загинати и стотина повредени, е неофицијалниот биланс од синоќешната силна експлозија во најголемата рафинерија на Бритиш петролеум во Соединетите Држави. Се уште не е соопштено која била причината за експлозијата во Тексас сити, шеесетина киломтери јужно од Хјустон.