Минесота: Ученик убил 10 лица, меѓу нив седум деца

Полицијата во Минесота соопшти дека еден ученик ги убил своите дедо и баба, осум останати лица пред самиот да се застрела во едно средно училиште. Убиството се случило во индијанскиот резерват Црвено Езеро, дом на племето Чипева. Ученикот најпрвин ги убил своите баба и дедо во нивниот дом, потоа убил пет негови соученици, човек од обезбедувањето и учителка, пред и самиот да се застрела. Полицијата вели дека сеуште е рано да се шпекулира за мотивот.