Багдад: Јорданскиот амбасадор се враќа во Ирак

Јорданскиот крал Абдула му наредил на вршителот на должноста амбасадор на неговата земја во Ирак итно враќање во Багдад за олеснување на тензиите меѓу двете земји. Ова го изјави јорданскиот премиер Фаисал ал Фајез по средбата со ирачкиот претседател на заминување Гази ал Јавар. Двете земји вчера меѓусебно ги повлекоа своите амбасадори.