Скопје: Конференција на АИСЕК

Во организација на АИЕСЕК - Интернационалната платформа која им овозможува на младите да го откријат и развијат својот потенцијал денеска во Скопје започнува седумдневна конференција на која ќе се утврдуваат идниот развој на организацијата и влијанието кое платформата може да го оствари за развојот на различните општества. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 180 претставници на 40 европски држави.