Москва: Уапсен поранешен руски воен офицер за обид за убиство на Анатолиј Чубалис

Еден човек за кој е наведено дека е поранешен руски воен офицер бил уапсен во врска со вчерашниот обид за убиство на Анатолиј Чубаис, шефот на руското државно електростопанство и клучниот архитеткт на контроверзните пост советски економски реформи. Идентитет на осомничениот не е објавен. Чубаис и неговите телохранители вчера неповредни излегоа од нападот врз нивниот автомобил. Најпрвин експлодирала бомба крај патот, а потоа и врз автомобилот било стрелано од огнено оружје.