Анкара: Премиерот Бучковски во Турција

Македонскиот премиер Владо Бучковски на чело на поголема владина и стопанска делегација од земјата, ја започна дводневната официјална посета на Турција. Во Анкара тој, како што е најавено, треба да разговара со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а ќе биде примен и од шефот на државата Ахмед Неџет Сезар. Инаку, утре во Истанбул ќе биде одржан македонско турскиот бизнис форум.