Ерусалим: Продолжува посетата на претседателот Црвенковски

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, кој престојува во тридневна посета на Израел, денеска ќе учествува на свеченото отворање на музејот Јад Вашем во спомен на жртвите на Холокаустот. Претседателот Црвенковски вчера оствари средба со израелскиот премиер Моше Кацав на која се разговарало за унапредување на економската соработка меѓу двете земји.