Турција: Земјотрес од 5,7 степени според Рихтер

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди турската провинција Бингол, предизвикувајки само паника кај населението. Како што јавија турските медиуми, епицентарот на земјотресот бил на 700 километри источно од Анкара.