Виетнам: Уште една медицинска сестра заразена од птичји грип

Виетнамските здравствени служби соопштија дека веројатно уште една медицинска сестра се заразила од птичји грип од пациент кој се лекувал од таа болест. Експертите предупредуваат дека доколку вирусот на птичјиот грип мутира во форма која ќе може да се пренесува меѓу луѓето, тоа може да доведе до глобална пандемија, погубна за милиони луѓе.