Мадрид: Кофи Анан смета дека новата ирачка влада треба да преземе брза акција

Генералниот секретар на Обедниетите Нации, Кофи Анан изјави дека новата ирачка влада ќе мора да преземе брза акција за да се справи со насилствата во земјата. Изјавата на Анан, доаѓа по синоќешниот самоубиствен бомбашки напад што се случи во ирачкиот град Мосул, при што загинаа 47 лица, а 90 се ранети.