Луксембург: Хрватска не ги исполни условите за почеток на преговорите за членсто во ЕУ

Хрватска не ги исполни условите за почеток на разговорите за членство во ЕУ, соопштија од Луксембург земјата претседавач со Европската Унија. Амбасадорите на 25 земји од Унијата, синоќа разговараа дали идната недела може да бидат започнати разговорите со Загреб, но претседателството на Унијата, како што соопшти неименуван извор, заклучило дека не е исполнет условот за соработка со Хашкиот Трибунал од страна на Хрватска.