Брисел: ЕУ веројатно нема да ги започне преговорите за членство со Хрватска на 17 март?

Европската Унија најверојатно на 17-ти март нема да ги започне преговорите за членство со Хрватска, пишуваат денеска германските весници, повикувајки се на извори во Брисел. Како што се наведува, веројатно нема да биде определен нов датум за започнување на преговорите се додека не Анте Готовина не биде предаден на Хашкиот трибунал.