Пекинг: Кина го отфрли барањето на САД за преиспитување на анти сецесионистичкиот закон

Кина го отфрли американското барање да го преиспита Законот со кој се забранува сецесионизмот на Тајван. Кинескиот парламент се очекува да го изгласа овој закон во наредната недела. Претставник на кинеското министерство за надворешни работи изјави дека Соединетите Држави треба да разберат дека Кина мора да се грижи за својот територијален интегритет.