Багдад: Убиен шефот на полициска станица

Ирачките власти соопштија дека денеска во Багдад бил убиен шефот на една полициска станица, како и неколкумина полицајци. Нема детали за тоа како бил извршен нападот. Билансот од вчерашните инциденти во Ирак е 60 загинати, меѓу кои и откриените 40-тина тела на убиени ирачани.