Каим: Откриени тела на 19 загинати

Ирачките власти денеска соопштија дека во градот Каим биле откриени тела на деветнаесет загинати. Се додава дека во нив било пукано и оти станува збор за цивили. Инаку, во денешниот самубиствен напад со автомобил бомба во Багдад загинаа тројца додека дваесетина други беа повредени.