Приштина: Рамуш Харадинај денеска заминува за Хаг

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска од Приштинскиот аеродром ќе замине за Хаг каде што доброволно ќе се предаде на Меѓународниот суд за воени злосторства. Харадинај вчера поднесе оставка на функцијата откако Трибуналот покрена обвинување против него. Засега јавно не е соопштено за што ќе му се суди на Харадинај кој за време на косовскиот конфликт беше еден од командатите на ОНА.