Њујорк: Претседавачот на ОБСЕ за заложил за нова резолуција за Косово

Претседавачот на ОБСЕ Димитриј Рупел синоќа во Советот за безбедност на Обединетите Нации се заложи за нова резолуција за Косово. Според него, претставниците на привремените институции на Косово сфатиле дека нема добро решение за актуелната ситуација без поддршка од страна на србите и другите малцинства. Статус кво ситуацијата не му одговора никому, оцени Рупел, предупредувајќи дека некои радикални елементи во регионот и криминални структури на Косово сакаат да ја задржат таквата состојба.