Вашингтон: Авганистан не е во состојба да го контролира производството на опиум

Соединетите Држави оценуваат дека властите во Авганистан не се во состојба да го контролираат производството на опиум и оти поради тоа таа земја е на пат да стане земја на наркотици. Во најновиот извештај, Вашингтон посочува дека Авганистан во минатата недела за три пати ги зголеми површините каде што се одгледуваат наркотични растенија.