Багдад: Продолжена вонредната состојба

Во Ирак веќе петти месец е во сила вонредна состојба, откако вчера привремениот ирачки премиер Ијад Алави ја продолжи за до крајот на март. Вонредната состојба беше прогласена во ноември со цел поефикасно справување со бунтовниците, но во Ирак и натаму секојдневно се случуваат експлозии на бомби.