Лондон: Неформални разговори за можноста за испраќање мировни сили во Либан

Британскиот шеф на дипломатијата Џек Строу изјави дека членките на Советот за безбедност на Обединетите Нации имале неформални разговори околу можноста од испраќање мировни сили во Либан. Според Строу, меѓународните мировни сили би требало да го помогнат евентуалното повлекување на сириските трупи од Либан.