Пекинг: Кина ги обвини САД за ширење на прекршувањето на човековите права

Кина ги обвини Соединетите Држави за ширење на прекршувањата на човековите права во светот. Во годишниот извештај под наслов Човековите права во Соединетите Држави објавен денеска во Пекинг се наведуваат случаите на злоставување на ирачките затвореници како и за, како што се вели, несупехот на администрацијата на Џорџ Буш да се справи со сиромаштијата, расната дискриминација и криминалот во земјата.