Пекинг: Најмалку 20 луѓе загинале во експлозија во училиште

Кинеските агенции јавуваат дека најмалку дваесетина луѓе, меѓу нив и ученици, загинале по експлозијата во едно училиште во северна Кина. Се наведува дека до несреќата дошло откако во соседната зграда експлодирал динамит што се употребувал за тамошниот рудник.