Приштина: Уапсени 13 лица осомничени за трговија со луѓе

На Косово, во изминативе неколку дена била уапсени тринаесет лица осомничени за трговија со луѓе. Ова синоќа го соопшти мисијата на Обединетите нации на Косово. Во соопштението се наведува дека за време на акцијата биле осолободени и четири жени кои биле принудувани на проституција.