Лондон: САД ќе извршат поголем притисок врз Сирија за повлекување од Либан

Соединетите држави, заедно со сојузниците, ќе извршат поголем притисок врз Сирија за итно повлекување на нејзините војници од Либан. Ова во Лондон го изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, додавајќи дека Сирија станала пречка за подобрување на демократијата на Блсикиот Исток. Деновиве Сирија најави дека ќе ги повлече четиринаесете илјади војници од Либан во наредниве неколку месеци.