Берлин: Невработеноста на рекордно високо ниво

Германската влада соопшти дека невработеноста во земјата во минатиот месец достигнала рекордно ниво. Регистрирани се 5 милиони и 200 илјади невработени или 12, 6 насто. Истовремено, германски економски експерти оценија дека домашната економија годинава ќе има раст од само околу 1 насто.