Бејрут: Протести против мешањето на Сирија во внатрешните работи на Либан

Илјадници луѓе протестираат денеска во Бејрут против сириското мешање во внатрешните работи на Либан. До протестите дојде само неколку часа пред клучната седница на либанскиот парламент на која, по предлог на опозицијата, ќе се расправа за доверба на просириската влада во таа земја. Во претходните десетина дена илјадници либанци демонстрираа секоја вечер по улиците на Бејрут, барајќи ја вистината за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири и повлекување на сириските трупи од Либан.