Киргистан: Денеска парламентарни избори

Денеска во Киргистан се одржуваат парламентарни избори. На изборите учествуваат 400-тини кандидати за 75 места во Парламентот. Гласањето е одложено во две области, во земјата, поради како што соопшти централната изборна комисија, демонстрациите и блокадите на патиштата. Демонстрантите протестираат поради отфрлањето на кандидатурите на повеќемина опозициони претставници, од страна на киргистанскиот претедател Аскар Акаев. Еден од предводниците на опозицијата Роза Отумбаева, изјави дека властите денеска ги затвориле опозициските веб сајтови и ја блокирале дистрибуцијата на нивните дневни весници.