Ерусалим: Шарон бара справување со палестинските милитантни групи

Израелскиот премиер Ариел Шарон, изјави дека палестинскиот претседател Махмуд Абас треба да се справи со милитантните групи пред да може да продолжи мировниот процес. Шарон изјави дека Абас треба веднаш да делува против милитантната група Исламски Џихад, која ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад што во петокот се случи во дискотека во Тел Авив, при што загинаа четири лица. Претходно, Сирија отфрли секаква вмешаност во нападот.